Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце 

Тетовско-гостиварската епархија информираше дека денес во дворот на црквата Свети Димитриј во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тетовско-гостиварската епархија информираше дека денес во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ кој од 2022 година е прогласен за светец Кирил Лешочки. Негова биста во овој црковен двор постоеше и до 2001 година.  

-Денес, преку ова спомен обележје, пред нашите очи се издигнува ликот на Преподобниот учител Кирил Лешочки, кој е роден пред 255 години токму овде во Теарце. Оваа биста што ја откриваме во неговото родно место не е обичен споменик од камен или бронза. Таа е паметник на еден особено значаен македонски духовен подвижник. Сведоштво е за човекот кој со книга и крст го разбуди заспаниот дух на нашиот народ. Овој споменик кој го подигнавме во негова чест не само што не потсетува на неговиот лик и дело, туку и нè потсетува дека како христијани сме повикани да ги почитуваме светителите, следејќи го нивниот подвиг во верата. Свети Кирил ни остави пример како треба да постапуваме, истакна во пригодното обраќање Митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф кој го изврши осветувањето на бистата. 

Кирил Пејчиновиќ (1771-1845) е роден во Теарце, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс. Во октомври 2022 кога беше извршена канонизација за Кирил Пејчиновиќ, 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки.

Реклама