Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Половина од последната реколта на пченица остана во амбарите поради ниските цени

Речиси половина од последната реколта на пченица остана во амбарите. Поради ниските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси половина од последната реколта на пченица остана во амбарите. Поради ниските цени од 10 до 12 денари , на земјоделците им е неисплатливо да ја продаваат, бидејќи не можат ја  покријат ниту  цената за да произведат килограм пченица, која Институтот ја изготви и изнесува 19денари. Од Националната мрежа алармираат дека пазарот е преплавен со увезена пченица. Велат, со овој апсурд да се увезува додека нашата стои во амбарите, дополнително се дестимулираат земјоделците.

  „Ние имаме отприлика 170 илјади тони произведена пченица. Претпоставуваме дека половина и повеќе е непродадена, а за сметка на тоа имаме увоз на пченица. Пазарот ни е преплавен со увезена пченица. Ситуација е многу лоша, за полјоделците државата наместо да им помага, таа им одмогнува„ изјави Ѓорги Каракашев, претседател на Националната мрежа на џземјоделци.

Од Националната мрежа посочуваат дека погрешните политики на власта во земјоделството не поттикнува развој и конкурентност, туку несигурност кај земјоделците. Се понеизвестна е и пролетната сеидба. Земјоделците се помалку имат пари за подготовка на нивите кои кон крајот на февруари до крајот на март треба да се посеат со  пролетен јачмен, но и со други житни култури.

Реклама

   „Се зависи од времето. Ако остане вака,ќе биде проблем . Вториот проблем е што полјоделците не се заинтересирани за сеидба. Ланската реколта им е во залиха, така што под знак прашалник е дали ќе има и колку ќе има пролетна сеидба на житарици„ изјави Каракашев од Националната мрежа на земјоделци.

 Во меѓувреме македонскиот јачмен  од последната реколта го најде својот пат до грчкиот пазар и се откупува по цена од 8 до 10 денари, килограм. 

Александра Ристевска