Реклама
Здравје

Поголема достапност за превенција: намалени цените на ХПВ и Ликвид ПАП тестовите

Се засилува превенцијата за рак на грло на матка. Ако досега се правеле околу 70 илјади пап тестови годишно, таа бројка треба да се зголеми двојно, односно да достигне близу 140 илјади направени тестови. Ова се новите цели на Фондот за здравство кои бараат од матичните гинеколози низ државата да го зголемат темпото на испитување.Во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се засилува превенцијата за рак на грло на матка. Ако досега се правеле околу 70 илјади пап тестови годишно, таа бројка треба да се зголеми двојно, односно да достигне близу 140 илјади направени тестови. Ова се новите цели на Фондот за здравство кои бараат од матичните гинеколози низ државата да го зголемат темпото на испитување.Во фокусот ќе бидат жените на возраст од 21 до 59 години кои во последните три години не направиле ПАП-тест. Од Фондот велат колку повеќе тестови ќе се прават, толку пониска ќе биде цената на услугата. Очекувањата се дека со зголемениот обем на набавки ќе се намали и партиципацијата за пациентките.

Значи, која жена нема направено ПАП тест во последните три години треба да биде упатена. Целта е да стигнеме до 140.000 ПАП тестови спрема податоците што ги имаме, а во моментот се прават од сите програми заедно околу 70.000 теста. ​Морам да нагласам дека овие податоци се само од установи со кои Фондот има договор, не се од установи со кои нема договор , приватни здравствени установи.Зошто се важни намалувањата на овие две цени? Во недостаток на гинеколози и цитолози  и патолози, Ликвид ПАП-от е иднината на ПАП-тестот, условно да кажам, бидејќи овозможува употреба на вештачка интелигенција и трпи позначаен транспорт отколку обичниот ПАП.“- изјави директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Лекарите и здравствените власти препорачуваат да се засили и ХПВ тестирањето, кое овозможува рано откривање на вирусот што е главен причинител на рак на грлото на матката. Сепак, поради повисоката цена – која е над 3.000 денари – и фактот што се прави еднаш на пет години, за најголем дел од жените останува клучно редовно да го прават ПАП тестот.

Реклама

ХПВ тестот е тестот на иднината бидејќи има поголема точност, има точност од 95 отсто и не мора да се прави на три години, може да се прави на пет години. Меѓутоа, за да стигнеме до таа цел, мораме да работиме на намалување на цените. И можам да кажам дека со истиот буџет што го имаме во моментот, со намалената цена на ХПВ тестот, можеме да го зголемиме тестирањето од околу 13.000 на 22.000 тестирања“, кажа Клековски.

Истовремено, Фондот ги ревидираше цените на дел од испитувањата за рак на грло на матка. Ако ХПВ тестирањето чинише 5.500 денари сега изнесува 3.300 денари, цитоскинот или Ликвид ПАП тестот сега се плаќа 1250 денари, претходно оваа услуга чинеше 2.200 денари.

Од ФЗОМ аламираат и за недостатокот на матични гинеколози. Во Македонија има 162 гинеколози кои работат со Фондот, според директорот Клековски оваа бројка ја става државата на дното по број матични гинеколози на 100 илјади жители.

Ања Лукарова