72-годишен маж од Аеродром e шестата жртва на вирусот Западен-Нил. 15 дена бил на ифективна со тешка форма на воспаление на мозокот. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања. На инфективна во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот има 26 години и е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица. До сега се излекувани 27 пациенти.
-Вчера во попладневниве часови почина уште еден пациент. Се работи за 72 годишен пациент кој беше хоспитализиран пред 15 дена на клиникава во изразито општа тешка состојба со тешка клиничка слика и покрај сите превземени интензивни во одделот за интензивно лекување во вчерашните попладневни часови настапи летаен исход– истакна директорот на инфективната клиниика Фадил Цана.
Од клиниката додаваат дека пациентот имал сериозни хронични болести. Сите останати кои се на респиратор и со тешка клиничка слика се лица над 60 години. Вирусот ги напаѓа и птиците, мртов гавран позитивен на вирусот е пронајден и во Ресен. Надлежните велат дека се преземаат сите потребни мерки за дезинсекција на општината и апел до матичните лекари за навремена дијагностика.

-Ние веднаш го известивме Центарот за јавно здравје и градоначалникот на Општина Ресен да направат ревизија на плановите за прскање за комарци и да пристапат кон прскање по индикации–истакна министерот за здравство Сашо Клековски
Клековски додава дека уште две мртви птици во Скопје се во моментов во фаза на тестирање. Од АХВ апелират граѓаните да не се паничат ако видат угината птица во урбана средина, туку веднаш да пријават. Остануваат препораките до граѓаните да се заштитат од комарците и да се јават веднаш на лекар кога ќе поцувствуваат симптоми за Западен нил.

