Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Демократски сојуз по повод 23 Октомври: Денешната борба се води со идеи, образование, работа и активен придонес во општеството

Демократскиот сојуз им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократскиот сојуз им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на сите граѓани, се вели во партиската честитка.

На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина визионери – Даме Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – ги поставија темелите на Македонската револуционерна организација. Нивната храброст, решителност и верба во идеалот за слободна Македонија го означија почетокот на организираната револуционерна борба за слобода и самостојност.

Денес, пораката на основачите е особено значајна за младите генерации. Нивната борба не треба да остане само дел од историските учебници и свечените говори, туку да биде поттик за младите со знаење, храброст, чесност и лична одговорност да се борат за праведно општество, демократски вредности, владеење на правото и европска иднина. Денешната борба се води со идеи, образование, работа и активен придонес во општеството.

Реклама

Демократскиот сојуз верува дека најдостојниот начин да им оддадеме почит на македонските револуционери е да изградиме држава во која младите ќе имаат перспектива, еднакви можности и причини својата иднина да ја гледаат дома. Да го чуваме историското наследство и да ја продолжиме борбата за слободна, демократска и просперитетна Македонија!