Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Шасивари – Варнс: САД со поддршка за реформата на кривичното законодавство и борбата против организираниот криминал 

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со Никол Варнс, вршителка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која, како што информираат од неговиот кабинет, било разговарано за клучните реформски приоритети во правосудството и можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка.

-Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува силна поддршка за реформската агенда на Министерството за правда, особено во зајакнувањето на владеењето на правото, унапредувањето на правосудниот систем и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Американската експертиза и институционална поддршка имаат особено значење за спроведување суштински реформи што ќе обезбедат поефикасни институции, поголема правна сигурност и конкретни резултати – се вели во соопштението од Министерство за правда.

Посебен акцент на средбата бил ставен на реформата на кривичното законодавство. Шасивари, се вели во соопштението, ја истакнал потребата од користење на американското искуство и експертиза во овој процес, со цел создавање современи и ефикасни законски решенија што ќе придонесат за поуспешно спречување и санкционирање на корупцијата и криминалот.

Реклама

-Во фокусот на разговорите беа и дигитализацијата на правосудниот систем, законодавната агенда и зајакнувањето на институционалните капацитети, како клучни сегменти на реформскиот процес – информираат од МП. 

Шасивари изразил благодарност за континуираната поддршка од САД, особено за придонесот во јакнењето на институциите и борбата против транснационалниот организиран криминал.

-Конкретен резултат од ова партнерство е започнатата реализација на проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги, финансиран од Бирото за меѓународни прашања за наркотици и спроведување на законот (INL) при Стејт департментот на САД. Двете страни ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката преку конкретни проекти, експертска помош и размена на искуства, со цел обезбедување одржливи и мерливи резултати од реформите – посочуваат од МП.

За Министерството за правда, стратешкото партнерство со САД, се вели во соопштението, е повеќе од институционална соработка. Тоа е значајна поддршка за реформска агенда чија крајна цел е функционално, независно и ефикасно правосудство, во кое законите доследно се применуваат, институциите ја преземаат својата одговорност, а граѓаните имаат доверба во правдата.