Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски со порака за 23 Октомври: Свои на своето, со корен во минатото и со верба во иднината

Да бидеме свои на своето, со корен во минатото и со верба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да бидеме свои на своето, со корен во минатото и со верба во иднината, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, нагласувајќи дека слободата за која се бореле и ги положувале животите револуционерите носи одговорност за тоа каква држава ќе им оставиме на идните генерации.

-На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата за која тие се бореа, за која тие живееја и за која ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас? – рече Мицкоски.

Тој потсети дека пред повеќе од еден век во Солун започнало организираното револуционерно движење што длабоко ја одбележало македонската историја, посочувајќи дека формирањето на ВМРО означило неповторлива епоха во македонската слободарска мисла и дејствување.

Реклама

Мицкоски нагласи дека основачите на револуционерното движење немале држава зад себе, ниту институции што ќе ги заштитат, но имале вера, храброст и убедување дека македонскиот народ заслужува слобода.

-Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност. И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме.- истакна премиерот.

Осврнувајќи се на историското дело на македонските револуционери нагласи дека нивниот пркос, посветеност, мудрост и храброст се дел од наследството на македонскиот народ.

Според Мицкоски, татковината се создавала низ прогони, затвори, востанија и војни, низ постојани жртви, а не преку подарени слободи. И покрај болката, разочарувањата и поделбите, опстојувала волјата еден ден да се има сопствен дом, држава и право самостојно да се одлучува за иднината.

-Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца – порача Мицкоски.

Тој додаде дека заветот на секоја слободна генерација е да ја гради својата иднина во сопствената татковина.

– Тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме. Свои на своето. Со корен во минатото и со верба во иднината – порача премиерот.