Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорѓиевски по повод 23 Октомври: Да ја чуваме татковината, да го негуваме македонскиот јазик, да ги браниме достоинството и слободата

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод 23 Октомври – Денот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка во која порача дека идеалите на македонските револуционери остануваат траен аманет и обврска за сегашните и идните генерации.

Ѓорѓиевски денеска положи венец свежо цвеќе на Споменик на основачите на ВМРО, во паркот „Жена борец“ во Скопје.

-ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет! Честит и вековит нека е 23 Октомври, денот кога со гордост се поклонуваме пред храброста на оние што својот живот ѝ го посветија на Македонија. Постојат идеали што времето не може да ги избрише. Постојат завети што генерациите ги носат како најсвета должност. Таков е идеалот за слободна, самостојна и достоинствена македонска држава. Таков е аманетот на македонските револуционери – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Реклама

ВМРО, порача Ѓорѓиевски, е темел вграден во македонската борба за државност. 

-ВМРО е непокор и пркос, решителност да се истрае и тогаш кога цената на слободата е сопствениот живот. Во неговото историско име живее стремежот на генерации Македонци, да бидат свои на своето. Денес, нашата должност е тој аманет да го продолжиме со дела. Да ја чуваме татковината, да го негуваме македонскиот јазик, да ги браниме достоинството и слободата и да создаваме држава во која нашите деца ќе ја гледаат својата иднина. Пред жртвата на јунаците се поклонуваме. Пред одговорноста за Македонија стоиме исправено – напиша Ѓорѓиевски. 

Нека биде вечен споменот за нивната борба и нека биде неугаслив пламенот на нивните идеали. – За многу години 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Да е вечна Македонија, порача Ѓорѓиевски.