Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Летото и официјално пристигна, како пензионерите преживуваат на скопскиот асфалт?

Летото и календарски започна, иако високите температури веќе некое време го диктираат дневниот ритам и се порано ги празнат улиците и парковите. Повозрасните граѓани меѓу првите се засолнуваат под сенка и ги прилагодуваат дневните активности и исхраната на жештините. Па добро ние сме во ризична група прво, болни, имаме проблем со притисок, јас повеќе дома […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Летото и календарски започна, иако високите температури веќе некое време го диктираат дневниот ритам и се порано ги празнат улиците и парковите. Повозрасните граѓани меѓу првите се засолнуваат под сенка и ги прилагодуваат дневните активности и исхраната на жештините.

Па добро ние сме во ризична група прво, болни, имаме проблем со притисок, јас повеќе дома седам, не знам за другите, од сабајле излегувам, значи кога е вака малку пријатно. Полесна храна, да се јаде полесна храна, со оглед дека е топло, да се избегнува тешка храна, многу течности пијам. – вели граѓанка.

Па од сабајле излегувам малку порано пошто е поладничко, така со точакот и до кај 11 саат, се движам низ скопските улици, по паркот, после се прибирам дома под сенка, правам салата пред ручек, се спремам за ручек. -рече граѓанин.

Реклама

Зависно од интересите и навиките, повозрасните граѓани си наоѓаат и начин за исполнување на остатокот од денот кога температурите ќе паднат.

Па како завршува денот, обично пуштам телевизија, па сакам да слушнам нешто вести, ме интересираат секако, треба да знаеме што се случува и така, може некој филм така нешто да се гледа и тоа е. – ни сподели граѓанка.

Па денот завршува со гледање натпревари, се прибирам дома и под сенка, мора. -раскажува граѓанин.

Од летото не може да се избега- но може полесно да се поднесе: доволен внес на течности, избегнување на сончевите зраци во најжешкиот период од денот и организирање на обврските според временската прогноза ќе им ги олеснат најтоплите денови на сите, а особено на пензионерите и останатите ризични групи.

Ана Минин