Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Подлабок здив против секојдневниот стрес: одбележан Меѓународниот ден на јогата

Подлабок здив за помалку стрес- во време на напнато темпо на живот каде секојдневието е оптоварено со обврски и притисоци, многумина спасот се почесто го наоѓаат во јогата. Илјадници луѓе ширум светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на јогата, древна практика која промовира здрав живот, физичка активност и внатрешен мир.  Таа не е вежба на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подлабок здив за помалку стрес- во време на напнато темпо на живот каде секојдневието е оптоварено со обврски и притисоци, многумина спасот се почесто го наоѓаат во јогата. Илјадници луѓе ширум светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на јогата, древна практика која промовира здрав живот, физичка активност и внатрешен мир.

 Таа не е вежба на физичко ниво, е и тоа, но е многу подлабоко, преку здивот ние се конектираме со својата внатрешност, оној внатрешен свет, со цел да обезбедиме мир, односно да се смири умот, за да можеме да ја развиеме својата интуиција, да можеме да бидеме способни во вистинско време да одреагираме на вистински начин. – вели Теодора Костовска, сертифициран учител по јога.

Интересот за јогата расте затоа што не е потребна посебна физичка подготвеност за да се започне со нејзино практикување на било која возраст, додека придобивките се огромни.

Реклама

Мислам дека јогата нуди решение за балансиран начин на живот, како да се справите со стресот, како да ги управувате вашите надворешни конфликти, внатрешните конфликти, а потоа и како да бидете поврзани со околината, со универзумот. – порача Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија.

Грижата за физичкото и менталното здравје е од огромна важност и треба да биде приоритет и навика на секој човек,  а учесниците на денешниот настан порачуваат дека токму јогата како начин на поврзување на умот и телото може значително да придонесе во подобрување на квалитетот на живот.

Ана Минин