Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Почнува шестото издание на Скопскиот поетски фестивал

Со настанот наречен „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ!“, вечер во 20 часот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со настанот наречен „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ!“, вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, започнува 6. Скопски поетски фестивал. 

Фестивалот ќе се одржува до 9 мај во Младинскиот културен центар и во „Буква“. Оваа година учесниците се поети од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија, од Црна Гора и од Македонија.

‒ Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…)“. Со ова мото сакаме да ја одбележиме 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажеме колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот – соопштија организаторите.

Реклама

Претходно, од 18:00 часот во киното „Фросина“ во МКЦ, како преднастан на официјалното отворање, ќе се одржи читачката промоција на поетската панорама на поезија пишувана од млади ‒ „Техна и епистема“, што по повод минијубилејот ‒ 5 години „Отскочна даска“, ја објави „ПНВ Публикации“ од Скопје.

На програмата денеска е и поетско-музичкиот перформанс „Другиот не сум јас“ на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора, што ќе започне во 21:30 часот во киното „Фросина“ во МКЦ.

Автор на постерот е Андреј Павлов.

Годинашното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и туризам, Традуки и Град Скопје, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, „Буквa“, Хрватското друштво на писатели, односно фестивалот „Стихот во регионот“, Светскиот поетски фестивал Патра, Грција, „ПНВ Публикации“, „Култура Бета“ и хотел „Цара 1928“.