Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Почнува Делфи економскиот форум во Грција – учествуваат министерката Божиновска и заменик шефот на дипломатијата Димитровски

Под наслов „Шокот на новото“, со учество на 1.200 говорници – 760…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под наслов „Шокот на новото“, со учество на 1.200 говорници – 760 од Грција и 440 од странство, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, со планирани над 200 дискусии, во грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи од денеска до сабота се одржува 11-от Економски форум.

Форумот точно напладне свечено ќе го отворат претседателот на Грција Константинос Тасулас, претседателот на Естонија Алар Карис и принцот Алберт Втори од Монако, а на четиридневната конференција ќе учествуваат и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, грчкиот премиер Кирјакос Мицотаки, премиерот на Албанија Еди Рама, европската обвинителка Лаура Ковеши, претставници на ЕУ, министри за надворешни работи, како и министри од грчката Влада.

На прес-конференцијата во Атина во средата, основачот и претседателот на Делфи форумот Симеон Цомокос и потпретседателот Јанис Томатис ги презентираа деталите за годишната конференција што ќе опфати пет тематски целини: геополитика и меѓународна безбедност; климатска криза и енергетика; одржлива економија и развој; технологија, како и луѓето и општеството.

Реклама

Како и секоја година, така и сега, во фокусот ќе биде и Западен Балкан и проширувањето на Европската Унија со земјите од регионот, а денеска, на оваа тема ќе дискутираат шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, министер за Европа и надворешни работи на Албанија Ферит Хоџа, првиот вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово Глаук Коњуфца, министерот за европска интеграција на Србија Немања Старовиќ, заменик-министер за ЕУ на Црна Гора Иван Иванишевиќ и амбасадорот на Босна и Херцеговина во Грција Драган Вуковиќ.

Енергетиката е уште една од темите кои се нераскинлив дел од форумот во последните години, а на една од панел-дискусиите, утре претпладне ќе учествува министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за едно со министерот за енергетика на Бугарија Трајчо Траиков, специјалниот пратеник за енергетска интеграција од Министерство за енергетика на САД Џошуа Волц, претседателот и извршен директор на групацијата „Aktor“ и извршен директор, „Atlantic SEE LNG Trade“ Александрос Ексарху.

-Форумот ќе се фокусира на клучните области: од геополитиката на енергијата и создавањето нови преносни мрежи, до зајакнувањето на меѓусебното поврзување во Југоисточна Европа. Посебен акцент ќе биде ставен на градење отпорни енергетски системи кои обезбедуваат стабилност против идните предизвици и кризи, соопштија организаторите во однос на темите поврзани со енергетиката.

Годинешната организација со главен наслов „Шокот на новото“ („The Shock of the New“) ја става во фокус новата реалност што се обликува од брзите промени во последните години: од воените конфликти во Иран и Украина и новите геополитички рамнотежи што се формираат, до енергетските предизвици и длабоките промени што во економијата, бизнисите и општеството ги носи продорот на вештачката интелигенција.

Војната во Украина и последиците што ги носи на глобално, регионално, но и на локално ниво на секоја држава, беа во фокусот на овогодишниот, седми по ред Економски форум Делфи во Грција, што

Делфи економскиот форум е независна, непрофитна организација со меѓународен карактер, каде секоја година се среќаваат престижни личности од економијата, политиката и академската заедница, а целта е да се прикаже реална рамка на цели и активности, да се бараат политики за справување со глобалните предизвици и да се најдат соодветни решенија за сложените прашања, како и да се промовираат иновативни идеи за одржлив и конкурентен раст за Европа и поширокиот регион на Источен Медитеран.