Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Почна втора фаза од реконструкција на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово

Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Моша Пијаде“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, при што моментално се работи на отстранување на постојната асфалтна конструкција и рабниците по целата ширина на коловозот. Градежните активности на терен на улицата „Моша Пијаде“ се одвиваат со засилена динамика, а по завршување на оваа фаза ќе следува изградба на атмосферска канализација, како дел од поширокиот инфраструктурен зафат.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека проектот е финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт.

– Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улица „Моша Пијаде“. Активно се работи на отстранување на постојната асфалтна конструкција и рабниците по цела ширина на улицата, по што следува и изградба на атмосферска канализација. Проектот е финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт- кажа Димитриевски.

Реклама

Во рамки на проектот, Општина Куманово располага со околу два милиона евра обезбедени од Светска банка. Досега се реализирани околу 1,3 милиони евра, додека преостануваат приближно 700.000 евра за завршување на планираните активности.

Проектот опфаќа реконструкција на фекалната и водоводната мрежа на дел од улицата, во должина од околу 490 метри,  од почетокот на улицата до крстосницата со „Пиринска Македонија“. Дополнително, со средства од буџетот на Општината се финансира уредувањето на подземната инфраструктура, вклучително и атмосферската канализација, која ќе се реализира во две фази, како и реконструкција на постоечката мрежа долж целата улица во должина од 1.400 метри.