Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Свет

По телефонскиот разговор Трамп – Путин: Вашингтон се залага за брз крај на војната во Украина и нови односи со Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин одржаа телефонски разговор,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин одржаа телефонски разговор, кој траеше еден час, информираше советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Главна тема на разговорот била ситуацијата во Украина, а Ушаков го опиша разговорот како „конструктивен и многу искрен“. Двајцата лидери се осврнаа и на неодамнешната посета на претставниците на Трамп – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – на Москва, а потоа и на Киев, како дел од новата дипломатска иницијатива на Вашингтон за мировни разговори и крај на војната во Украина.

Според советникот на Путин, за време на разговорот Трамп јасно се залагал за брз крај на војната, што веднаш би отворило перспективи за целосно обновување на односите меѓу САД и Русија.

Реклама

Од друга страна, Путин му го претстави на американскиот претседател руското гледање на ситуацијата, вклучително и напредувањето на руските сили на бојното поле и постигнувањето на поставените цели во Украина, рече Ушаков.

Според неговите зборови, рускиот претседател го уверил Трамп дека Русија нема агресивни намери кон Европа.