Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Петрушевски: Пожарите не се случајност, туку организирана акција на лица кои не и мислат добро на Македонија

Она што се случуваше околу Скопје со пожарите, воопшто не беше случајно,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она што се случуваше околу Скопје со пожарите, воопшто не беше случајно, туку очигледно цел од една организирана акција на лица кои не му мислат добро ниту на Скопје, ниту на Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ .

„Полицијата пронајде дрва потопени во бензин, гума и ракавици на неколку места на кои имаше пожари околу Скопје.

Институциите реагираа и приведоа неколку лица, дел од кои се поврзуваат и со опозицијата, и се дури и нејзини функционери.

Реклама

Дали целта беше да се создаде хаос во Скопје?

И дали затоа веднаш по избивањето на пожарите се вклучи СДС и до нив блиски чинители со соопштенија и коментари?

Тргна ли опозицијата во организирана акција за искористување на пожарите во политички наратив?

Единствено нешто што очигледно ја осуети ваквата злонамерна политика на опозицијата беше брзата реакција на институциите, новите возила кои ги промовираше премиерот и високо мотивираниот кадар“ потенцира Петрушевски.

Хаосот кој некој го проектираше не се случи, но остана отворена дилемата за политичката позадина, која ако се докаже, некој сериозно треба да понесе одговорност, додаде Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.