Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава

По оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека станува збор за системски, а не персонален чин, кој, според нив, означува крај на долг период на нарушен легитимитет и политизација на Јавното обвинителство.

На денешната прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски истакна дека со години во јавноста постоеле сериозни сомнежи за селективна правда и политички влијанија во работата на обвинителството, што, како што рече, сега за првпат индиректно се признаваат и од самиот обвинител.

„Фактот што оставката доаѓа дури сега, а не во моментот кога институцијата очигледно беше компромитирана, само ја потврдува длабочината на проблемот и обидите да се одржи статус кво кое им служеше на поранешната власт“, изјави Петрушевски.

Реклама

Според него, во изминатиот период обвинителството било перципирано како партизиран механизам кој ги штител функционерите на СДС и ДУИ, наместо како независна институција во служба на законот. Петрушевски постави низа прашања поврзани со евентуална координација меѓу обвинители и заташкување на повеќе од 40 случаи на висока корупција, како и за тајмингот на оставката, за кој рече дека можеби бил искористен за „купување време“.

„Ова не е крај, туку почеток – почеток на вистинска, неселективна правда и демонтажа на заробените институции“, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата најавија дека ќе инсистираат овој момент да биде преточен во конкретни и суштински реформи, со цел обезбедување независно, професионално и департизирано Јавно обвинителство, во интерес на граѓаните и владеењето на правото.