Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Петрова за акцијата „Дарувај крв – дарувај живот“: УЈП е и институција и заедница на вработени што имаат општествена и човечка одговорност

Управата за јавни приходи (УЈП) не е само институција што се грижи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи (УЈП) не е само институција што се грижи за јавните приходи, туку е и институција и заедница на вработени што имаат општествена и човечка одговорност – изјави денеска директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, по повод крводарителската акција со мотото „Дарувај крв – дарувај живот“, што се одржува денеска во УЈП во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Таа им се заблагодари на вработените во УЈП, кои ја покажале, како што рече, својата професионална и лична посветеност со овој хуман гест. 

– Акцијата „Дарувај крв – дарувај живот“ не се организира првпат во Управата за јавни приходи, значи редовно, традиционално се организира по повод Денот на даночните службеници, Свети Матеј, во ноември секоја година. Но, овој пат излегуваме и надвор од тој термин, со што покажуваме солидарност и хуманост. Секоја единица крв што ќе биде дарувана значи помош да се спаси нечиј живот и тоа е најголемиот и најзначаен придонес – рече Петрова.

Реклама

Посочи дека 20-ина вработени ќе даруваат крв и додаде дека не е секогаш битна бројката, туку дека битни се посветеноста и желбата да се учествува на ваква акција. 

Во рамките на акцијата крв дарува и заменик-директорот на УЈП, Кемал Кроси.

Директорот на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, Амир Елези, рече дека кога ваквите акции се организираат на такво ниво и кога и директорката и заменикот на УЈП со личен пример заедно со вработените се тука за да промовираат еден ваков хуман гест, сето тоа многу им значи за унапредувањето на крводарителството и за зголемувањето на бројот на дарители на крв.

– Не е важна бројката, важни се моментот и симболиката дека вработените сакаат да им помогнат на пациентите и позитивно одговорија на нашето барање за да се организира ваква акција. Акции организираме речиси со сите институции на ниво на државата и со невладини организации и доброволно доаѓаат крводарителите и во нашите простории при Институтот за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар и во сите региони во целата држава – рече Елези.

Тој им се заблагодари на сите што даруваат крв бидејќи минатата година, како што појасни, била рекордна со 60.222 крводарители.

– Како што ме информираат од нашиот Институт, од нашата аналитика, верувам дека и оваа година ќе биде успешна. Ние сите треба да се залагаме во промоцијата на овој хуман акт затоа што пациентите сè повеќе имаат потреба од крв и крвни продукти и секогаш треба да бидеме подготвени во случај кога има потреба – рече Елези и упати честитки до директорката и до заменик-директорот на УЈП за успешната крводарителска акција, која верува дека ќе прерасне во традиционална.