Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Економија

Петрова: Дигитализацијата е патот за праведно оданочување и борба против даночната евазија и сивата економија

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и Елена Петрова, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, која се фокусираше на тоа што е направено во насока да се дојде до поголема стабилност на јавните приходи, за проектите кои се однесуваат на дигитализацијата во УЈП, но и за тоа кои мерки донесоа забележлив ефект во сузбивањето на сивата економија.

„Нашите политики, политиките на Владата се сосема различни, нашиот пристап нашата определба е политика која не треба да го зголемува даночниот товар врз чесните даночни обврзници, туку борба против даночната евазија, особено се посветивме на проверките и контролите на повратот на ДДВ и спречување на злоупотребите на кај повратот на ДДВ, со ова обезбедивме заштита на средства од буџетот, заштита на неосновано одлевање на средства од буџетот околу 9 милиони евра. Конкретни резултати од борбата против даночната евазија и сивата економија, значи да градиме систем кој ќе оневозможува даночни избегнувања и евазија на данокот, тоа значи создавање на систем во кој ќе градиме доверба со компаниите и граѓаните како даночни обврзници“, вели Петрова.

Петрова исто така истакна дека дигитализацијата е клучна во борбата против даночната евазија и сивата економија, односно технолошките промени и можности го овозможуваат напредокот и развојот на економијата.

Реклама

-Во УЈП почнавме со комплетни проекти кои се однесуваат на дигитализацијата, и воспоставување на нов ИТ систем, во оваа измината година тимски во УЈП направивме направивме целосна документација за најголем дел од компонентите на нов ИТ систем што го вклучува и системот на е-фактура, во суштина тоа ќе придонесе до огромни и големи придобивки. Дигитализацијата е всушност патот на создавање на она што треба да го постигнеме праведно оданочување, тоа е начинот на којшто ние многу побргу ќе може да се бориме против даночната евазија и сивата економија, токму технолошките промени и искористувањето на сите технолошки можности што ги дава денешното време всушност не носат и го овозможуваат напредокот и развојот на економијата и овозможуваат да создадеме еден правичен систем и економија која ќе работи за сите а не само за некои привилигирани поединци“, рече Петрова.