Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Економија

Заврши реконструкцијата на улицата Даме Груев во делчевското село Тработивиште

Во селото Тработивиште, Општина Делчево, комплетно е завршена реконструкцијата на крак 2…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во селото Тработивиште, Општина Делчево, комплетно е завршена реконструкцијата на крак 2 од улицата Даме Груев. Реконструкцијата на улицата како што информираа од Општината е во вкупна должина од 380 метри.

-Вкупната вредност на оваа инфраструктурна инвестиција изнесува 2.267.776 денари со вклучен ДДВ. Финансиските средства се обезбедени со заедничко учество, при што 1.134.015 денари се соодветно обезбедени од Министерството за транспорт, додека преостанатите 1.133.761 денар се издвоени од Буџетот на Општина Делчево – информираа од Општината.

Реконструкцијата на оваа улица како што додаваат има за цел подобрување на комуналните услови и обезбедување побезбедно и полесно движење за сите жители во руралните средини.

Реклама

Од Општина Делчево истакнуваат дека подобрувањето на условите за живот во сите населени места останува важен приоритет, со континуирано вложување во локалната инфраструктура што носи конкретни придобивки за сограѓаните, упатувајќи благодарност до Министерството за транспорт за поддршката, како и до жителите на село Тработивиште за искажаното трпение за време на градежните активности.