Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен – најдоминантен сегмент биле становите со 33% во вкупниот број на купопродажби и 48% од вкупната вредност

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности.

Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33% вовкупниот број на купопродажби и дури 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9%, нивната вредност пораснала за 10,8%. 

Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така, имаат и највисоки просечни цени на становите од 1.692 евра/м²;  1.558 евра/м² и 1.419 евра/м². Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во Општина Центар за 1.500.000 евра. Најскап деловен простор е продаден во Општина Центар за 6.800.000 евра.

Реклама

Во 2026 година се прогнозира умерен раст со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи. Пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирани трансакции, што претставува раст од 7,6% во споредба со 2024 година.

Регистрирани се 23.470 трансакции (купопродажби) што претставува раст раст од 4%, како и 9.911 закупи, што е зголемување за 17% во однос на претходната година

Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарди евра, што е раст од 12,9% во споредба со 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е остварен во четвртиот квартал (314 милиони евра).

Земјоделското земјиште и шумите учествуваat со 31% во вкупни от број на купопродажби, додека градежното земјиште со 14% бележи значителен раст на купопродажната вредност од 36%, во споредба со претходната година.

Куќите учествуваат со 13% во вкупниот број на купопродажби, со забележан раст на купопродажната вредност во споредба со претходната година од 37%.

Анализата покажува дека пазарот е најразвиен во поголемите урбани центри. Најмногу трансакции се реализирани во Центар 2.414 трансакции, Аеродром 1.963 трансакциии, Карпош 1.791 трансакции.

Највисоката цена за стан по метар квадратен е постигната во Аеродром (3.784 евра/м²).

Пазарот на новоградби е најдинамичен во скопските општини, а највисок скок на просечната цена на станови од инвеститор е забележан во Центар 31%, додека во Охрид има пад од 4%.

Пазарот на закупи во 2025 година бележи вкупна месечна закупнина со вредност од 4 милиони евра.

Во вкупниот број на закупи (9.911), најголемо учество имаат – становите со 35% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 15% во споредба со претходната година, потоа следат деловни простори со 34% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 24% во споредба со претходната година. Анализата покажува дека постои зголемена побарувачка за изнајмување.

Извештајот претставува сеопфатна анализа на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности, базирана на официјални податоци за реализирани купопродажни договори и договори за закуп. Годишниот извештај за пазарот на недвижности за 2025 година, е аналитички преглед на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности во Македонија за 2025 година, а анализата е базирана на официјални податоци од Регистарот на цени и закуп нини.