Реклама
Македонија

Партерно уредување околу спортската сала во Куманово

Продолжува партерното уредување околу спортската сала во Куманово, информираа денеска надлежните од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува партерното уредување околу спортската сала во Куманово, информираа денеска надлежните од Општина Куманово. Станува збор за проект за кој Општина Куманово аплицираше на вториот владин повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти.

За партерно уредување, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки одвоени се над 17,6 милиони (17.622.823,28) денари со данок на додадена вредност.

Инфраструктурните зафати за спортската сала се однесуваат за партерно уредување, реконструкција на спортска сала и изградба на систем за ладење и греење, како и за електрика, фотоволтаици, реконструкција, односно изградба на фотоволтаичен систем на спортската сала.

Реклама

Претходно, почна поставувањето на нов систем на греење и ладење. Со оваа инвестиција, како што посочи градоначалникот Максим, Димитриевски се подобруваат условите за одржување на натпреварите, тренинзите и другите активности.

Реконструкција на салата опфати замена на кровниот покривач со изолација, изработени се нови епоксидни подови, обновени се сите санитарни јазли, реконструирана е фекалната и атмосферската канализација. Спортскиот терен доби современ покривач, целосно е реконструирана боксерската сала и изградена е стрелана за спортска стрелба.

Салата располага и со нови соблекувални, теретана и современ систем на осветлување, нов семафор, трибини. Салата сега функционира согласно стандардите на ФИБА има капацитет од околу 3.200 до 3.300 седишта.