Реклама

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Македонија

Панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори за подобро управување со отпад“

Во Ресен денеска ќе се одржи панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Ресен денеска ќе се одржи панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори за подобро управување со отпад“. Отворени ќе бидат прашањата – што се презема во моментов и кои се главните предизвици кога станува збор за собирањето, селекцијата и одлагањето на отпадот, зашто тоа директно влијае врз природните ресурси, здравјето, одржливиот развој и иднината на регионот. 

На панел-дискусијата излагања ќе имаат Емил Стојанов од Салар Интернационал (SALAR International), Зоран Трајчевски од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Марчел Консентино Русу од ЈКП „Пролетер“ – Ресен и Ајман Ал Малла, раководител на сектор за животна средина во Општина Ресен.

Тие ќе се осврнат на регионалниот и локалниот пристап кон управувањето со отпад, на досегашните активности и искуства од терен, како и на можностите за поефикасна координација и заедничко дејствување меѓу институциите, јавните претпријатија, граѓанскиот сектор, бизнис-заедницата и локалното население.

Реклама

Панел-дискусијата се организира во рамки на кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“ што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво, со поддршка на Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“.