Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Отворени денови на Институтот за македонски јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје ги организира 10. Отворени денови од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје ги организира 10. Отворени денови од денеска до 14 ноември. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи денеска со што воедно ќе биде одбележан и Светскиот ден на науката – 10 Ноември.

Како што соопшти Институтот, оваа година на Отворените денови ќе бидат одбележани јубилејните 80 години македонска азбука и македонски правопис, како и неколку годишнини од раѓања на македонски лингвисти – 100 години од раѓањето на Трајко Стаматоски, 105 –  Божидар Видоески, 80 –  Зденка Рибарова и  60 години од раѓањето на Убавка Гајдова.

На свеченото отворање поздравно обраќање ќе имаат: Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Светлана Пинева, државен советник во Министерството за образование и наука, Менче Андреева, директорка на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, и Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Советот за македонски јазик.

Реклама

Ќе бидат промовирани најновите изданија на Институтот и ќе биде поставена изложбата „Цвеќе на мирот“ од Живко Поповски-Цветин. 

Во рамки на Отворените денови, на 12 и 13 ноември ќе се одржи 10. Меѓународна научна конференција, годинава на тема:  „Mакедонскиот јазик – извор на научни истражувања“.

Отворените денови ќе завршат в петок, 14 ноември, со тркалезна маса со наставници по македонски јазик од училиштата во Кавадарци. На тркалезната маса ќе се дискутира за Правописот на македонскиот јазик.