Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со Илија Срдановиќ, носител на листа која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со Илија Срдановиќ, носител на листа која победи на неодамна одржаните избори во Србија се слушнал некаде околу пладне, околу 12 часот, и не сметал дека сето тоа треба да го претвори во естрада. Се слушнав, вели тој, но, тој разговор беше протоколарен.

– Би кажал дека разговорот е протоколарен бидејќи јас не го познавам господинот Срдановиќ, тој е носител на листата којашто победи на изборите. Ние сме соседи, наши интереси се нашите домашни прашања, се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобра соработка и добрососедски односи. Она што мене ме интересира најмногу од тоа се билатералните односи во делот на економијата. Ценам дека сегашниот потенцијал можеме да го зголемиме уште повеќе – истакна Мицкоски во гостување на една од националните телевизии на прашање за изборите во Србија.

За тоа дали се слушнал со лидерот на СНС Александар Вучиќ и за односите со оваа сестринска партија во Србија, Мицкоски вели дека не разговарал со него, но, не исклучува дека тоа може да се случи во рамките на Европската народна партија. Тоа што се случува во Србија, рече, е нивна работа, мене ме интересира конкретно Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

-Ние имаме односи какви што имаат две сестрински партии, какви што имаме со ХДЗ, какви што имаме со ГЕРБ, со која било сестринска партија, ЦДУ/ЦСУ од Германија, со СДС партијата на Јанша од Словенија, и секаде каде што сум повикан да помогнам ние ќе поддржиме. Не сум разговарал, но тоа не значи дека нема да разговарам, претпоставувам кога во рамките на Европската народна партија ќе се видиме дека ќе разговараме – рече премиерот Мицкоски.