Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Отворен ден и средби со граѓани во Уставниот суд 

– Во Уставниот суд денеска се одржа Отворен ден за граѓаните, по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Уставниот суд денеска се одржа Отворен ден за граѓаните, по втор пат, во рамки на иницијативата за поголема транспарентност и директна комуникација со јавноста. 

Претседателот на судот,  Дарко Костадиновски, како што информираат, остварил средби со десетици граѓани кои пројавиле интерес за работата и надлежностите на институцијата.

-Граѓаните се интересираа и бараа информации во врска со предмети од јавен интерес, како и појаснувања за текот на постапките пред судот и начинот на одлучување. Во разговорите беа отворени теми поврзани со заштитата на човековите права и можностите што им стојат на располагање на граѓаните пред Уставниот суд – информираат од Уставен.

Реклама

На Отворениот ден присуствувала и група студенти од Правниот факултет во Скопје, кои, како што информираат, покажале особен интерес за уставно-судската заштита, надлежностите на судот и практичните аспекти на одлучувањето. Тие имале можност непосредно да се запознаат со улогата на судот во правниот систем и значењето на уставно-судската контрола.

Уставниот суд, како што информираат, со ваквите средби продолжува да ја унапредува својата отвореност и пристапност, овозможувајќи им на граѓаните директен увид во своето работење и јакнејќи ја довербата во институцијата.