Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Организација на работодавачи: Потребно е зголемување на платите, но сегашната економска состојба не го дозволува тоа

Минималната плата во Македонија е повисока од просекот во Европа, тврдат од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минималната плата во Македонија е повисока од просекот во Европа, тврдат од Организацијата на работодавачите на Македонија.

ЕУ директивите препорачуваат минималната плата да биде околу 50% од просечната, а кај нас согласно колективниот договор, таа не смее да биде пониска од 57%. Овој процент ќе се достигне со законски предвидената корекција во март.

Синдикатот покрај минималното барање од 600 евра излезе на сите други вработени да се даде по 6000 денари и тоа е можеби хумана работа што пак ќе предизвика зголемување на вкупните трошоци на плати, но тоа е спротивно на општиот колективен договор за приватниот сектор што го има потпишано и самиот синдикат.

Реклама

Потребно е зголемување на платите на работниците, се согласуваат од конфедерацијата на работодавачите, но моменталната економска состојба не го дозволува тоа.

Појаснуваат дека високите трошоци врз основа на плата и придонеси на малите, микро и средните компании нема да издржат нов бран линеарно зголемување на личниот доход.

Покачувањето од 6000 денари е дополнителен трошок, отповарен со дополнителни од 3250 до 3500 денари по основ на покачувањето. Замислете и кога станува збор за линеарно барање од 6000 денари во целата економија , во целиот сектор, дека значи дека компании со 10, 50 или 100 вработени по 9000 денари треба да ги зголемат своите трошоци по основ на плати. 

Согласно законот за минималната плата, кој беше усогласен од синдикатите и работодавачите пред повеќе од шест години со посредство на Владата, во март ќе има нагорна корекција на минималецот за околу 1.500 денари.