Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Општина Велес со субвенции за жителите за купен сончев термален колектор и инвертер клима

Општина Велес со цел да ги стимулира жителите во општината на помала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Велес со цел да ги стимулира жителите во општината на помала потрошувачка на електрична енергија и годинава распиша јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купен сончев термален колектор од 50 проценти од цената, но не повеќе од 20 илјади денари и за купена инвертер клима во висина од 30 проценти од цената, но не повеќе од 15 илјади денари.

Јавен повик за сончев термален колектор е со важност од  05.05.2026 до 03.06.2026 година, а за инвертер клима од денеска па се до 4 јуни годинава.

Како што информират  од  Општина Велес на нивната веб страница,  право на користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес имаат жителите на Општина Велес кои ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор и инсталираат сончев колектор за топла вода во објект за домување (станбен објект).

Реклама

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во износ од 50% од вредноста на сончевиот термален колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход согласно Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2026 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр.4/26). Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.

Јавниот повик е објавен на веб страницата на Општина Велес (veles.gov.mk).

Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат инвертер клима уред од денот на објавувањето на Јавниот повик 06.05.2026 година заклучно со 04.06.2026година, ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување инвертер клима уред.

Од Општина Велес појаснуваат дека на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на инвертер клима уред во висина од 30% од вредноста на инвертер клима уредот, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица-носители на домаќинства, кои ќе купат и монтираат високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект), сметано од денот на објавата на Јавниот повик па се до 04.06.2026 година, и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен инвертер клима уред, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик, појаснуваат од Општина Велес.