Реклама

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија

Општина Ѓорче Петров: Изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион се одвива со засилена динамика

Изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион во Ѓорче Петров се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион во Ѓорче Петров се одвива со засилена динамика, информираат од Општина Ѓорче Петров, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти градоначалникот Александар Стојкоски, станува збор за значаен инфраструктурен зафат во областа на предучилишната заштита, чија цел е обезбедување современи и безбедни услови за згрижување на децата.

„Новата градинка не е само објект, туку инвестиција во иднината. Со нејзината изградба создаваме простор кој ќе одговори на потребите на семејствата од овој дел на општината, со фокус на безбедност, енергетска ефикасност и квалитетни услови за престој и развој на најмладите“, изјави Стојкоски.

Реклама

Од Општината посочуваат дека објектот ќе биде изграден согласно современи стандарди, со функционални и модерно опремени простории, како и со уреден дворен простор што ќе овозможи безбедна игра и престој на отворено.

Со реализацијата на овој проект, локалната самоуправа продолжува со вложувања во образовната и социјалната инфраструктура, со што, како што наведуваат, се одговара на реалните потреби на граѓаните и се создаваат предуслови за поквалитетен живот во општината.

Проектот е дел од пошироките напори на Општина Ѓорче Петров за унапредување на условите за децата и младите, со јасна насоченост кон долгорочен и одржлив развој.