Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Охрид домаќин на 3. седница на Управниот одбор на ЗЕЛС

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска беше домаќин на 3. седница на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска беше домаќин на 3. седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

Станува збор за новововедена пракса седниците да се одржуваат низ општините во Македонија, и на тој начин поблиску до граѓаните и понепосредно до локалните предизвици.

Градоначалнкот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека на седницата биле донесени  значајни одлуки, а како посебно охрабрувачки го посочува фактот што според завршната сметка, ЗЕЛС е во позитива и бележи поуспешна година од претходната, благодарение на зголемената наплата на членарината.

Реклама

-Посветено работиме и ќе продолжиме да работиме на унапредување на локалната самоуправа како еден од клучните двигатели на развојот на Македонија. Со силна поддршка од Владата и со заеднички напори, уверен сум дека ќе изградиме стабилни и ефикасни општини, со кои сите ќе се гордееме- напиша Ѓорѓиевски на својот профил.

Според него, односот што Владата го гради кон општините и ЗЕЛС влева нова надеж дека конечно ќе биде направен исчекор напред кон имплементација на посакуваните европски стандарди.