Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Обвинителството презентираше докази од увидот во „Пулс“ – пронајдени ресивери за пиротехника

При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство. Ова беше посочено денеска од страна на Јавното обвинителство при изведувањето на материјални докази од увидот на лице место во опожарениот објект.

Во рамки на доказната постапка, пред Судот беше прикажан фотоалбум составен од 92 фотографии, кои детално ја прикажуваат затекнатата состојба на местото на настанот. На фотографиите направени при увидот, се гледа внатрешноста на опожарениот објект, поставеноста на бината, димензиите на вратите и решетките на малите прозорци од тоалетите.

Застапникот на Јавното обвинителство ги образложи наодите од увидот, посочувајќи на конкретни предмети пронајдени во објектот и на ограничувачките услови за движење и евакуација. Биле пронајдени и три празни противпожарни апарати. 

Реклама

– Над бината е нотирано дека имало метални конструкции и конзоли поставени на висина измерено растојание од бината до плафонот од 2,7 метри, што укажува на мала оддалеченост меѓу сценскиот дел и горните елементи – беше посочено од страна на застапникот на обвинението.

Беше презентирана и неоштетена пиротехничка фонтана на која во самата спецификација беше наведен дометот при прскање. којшто бил поголем од растојанието помеѓу бината и плафонот.

– Констатирано е присуство на горливи и изолациони материјали (стиропор, первол, гипс картон, дрвени елементи) кои придонеле за брзо ширење на пожарот. Утврдени се ограничувачки и небезбедни услови за движење и евакуација, при што се наведени преградна двокрилна врата, алуминиумска, како и странична врата без квака со заклучена брава, метални алки и катанец во заклучена положба – беше посочено од страна на јавниот обвинител. 

Во записникот, додаде, е констатирано дека пожарот настанал како последица на употреба на пиротехнички средства од страна на групата ДНК, додека со направената скица од увид е даден графички приказ за достапноста на објектот и неговата непосредна околина. 

Беше наведено дека сунѓерот бил набавен непосредно пред почетокот со работа на клубот во 2012 година, при што е утврдено дека станува збор за горлив материјал кој при согорување создава жешки капки. Според вештачењето на микротраги, вакви траги биле пронајдени и кај дел од починатите, меѓу кои и на јакната на пејачот Андреја Ѓорѓиевски, каде се евидентирани капки крв поврзани со дејството на материјалот.

Изведувањето на овие материјални докази доаѓа по тензичниот вовед на денешното рочиште, на кое адвокатите на одбраната отворено го оспорија вештачењето на Институтот за судска медицина. Пред почетокот на доказната постапка на Обвинителството, одбраната тврдеше дека дел од предложените докази се компромитирачки и побара нивно изземање. Барањата за вкрстено испитување на дополнителни вешти лица и ангажирање технички советници од страна на одбраната, беа одбиени од Судот како неосновани, додека Обвинителството ваквите реакции ги оцени како тактичка алатка за одолжување на судската постапка.