Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава поднесена против градоначалникот Тони Коњановски за отворањето на „Битфест“ 2024

Основното јавно обвинителство од Битола ја отфрли кривичната пријава поднесена против градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство од Битола ја отфрли кривичната пријава поднесена против градоначалникот Тони Коњановски за отворањето на годинешното издание на битолското културно лето „Битфест“.

Кривичната пријава беше поднесена анонимно од граѓанин со цел да се испитаат наводите дали имало незаконитости  во организацијата околу отворањето на битолското културно лето со музичкиот спектакл „Ѕвездена симфонија“.

Од ОЈО Битола потврдуваат дека во случајот нема „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Реклама

„По целосно спроведување на предистражната постапка, донесено е решение за отфрлање на кривичната пријава бидејќи во дејствијата на осомничениот како службено лице – Градоначалник на Општина Битола не се содржани ниту обележјата на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.1 од КЗ, нити обележјата на некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност.“, одговорија од прес службата на ОЈО на Битола

„Битфест“ беше отворен на 3 јули годинава на Градскиот стадион во Битола со голем спектакуларен настан на кој настапија познати музички ѕвезди Каролина, српската победничка на „Евровизија“ – Констракта, „Паркети“, „Супехикс“ и Камерниот оркестар од Битола, кусо потоа се обзнани во медиумите дека поднесена е кривична пријава до градоначалникот Коњановски затоа што Општина Битола без јавен повик, туку со одлука на интерната Комисија за евалуација организацијата за отворањето на  битолското културно лето  му ја доделила на Здружението „Мјузик арт“.

Два месеци подоцна Обвинителството потврди дека постапува по пријавата, оформен е предмет, обвинителот презема дејствија на проверки и ги испитува наводите. По испитувањето на наводите ОЈО Битола ја отфрли пријавата.

Токму поради ова, вчера на седница на Советот на Општина Битола, кога се носеше буџетот за 2025 година, градоначалникот на говорница побара извинување од оние кои сакале да му нанесат штета. Па направи паралела дека и сега од новогодишната манифестација „Зимска приказна“ се прави фама од опозицијата со прашања – каде се парите од спонзорите? Коњановски им порача на советниците –„Нема да дозволам од „Зимската приказна“ да  правите скеч.“

„Што се однесува до извинувањето, прво очекувам да се извините за ‘Битфест’ , зашто истите приказни за ‘парите’ беа поставувани и таму (за ‘Битфест’). Каде се парите? Ништо од тоа нема. Очекувам извинување за ‘Битфест’ прво, очекувам да се извините и за ‘Зимската приказна’, бидејќи ќе ги добиете сите документи“, им се обрати Коњановски на советниците

Од Општината летово информираа дека е постапено согласно позитивните законски прописи, дека здружение „Мјузик арт“ го застапува Камерниот оркестар, дека го ставила на располагање користењето на Стадионот, како и финансиска поддршка за „Мјузик арт“ во износ од 1,5 милиони денари. Настанот чинел 4,3 милиони денари, а разликата од 2,8 милиони денари, здружението ја обезбедила од продажба на влезници и спонзорства.