Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во  градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. 

ЈПДП соопшти дека градежните активности течат забрзано и со темпо кое е приспособено на летниот период кога сообраќајот се одвива со намален интензитет, со цел да се минимизира застојот и влијанието врз учесниците во сообраќајот.

Се санира  горниот строј на мостот, при што ќе се изврши отстранување на постојните дилатациски фуги, сливници, асфалт, ограда и тротоари. Потоа ќе се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, асфалтирање, како и изградба на нови тротоари и поставување на нова ограда.

Реклама

Градежните работи ги изведува Друштвото за градежништво и проектирање „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, село Бразда, додека надзорот го врши Друштвото за управување со проекти „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Средствата за санацијата се обезбедени од буџетот на ЈПДП, во износ од  4.619.800 денари без ДДВ.

Рокот за изведба на работите е во согласност со Договорот, а во консултација со изведувачот, завршувањето се очекува на почетокот на септември.

-Јавното претпријатие за државни патишта, се грижи за безбедноста и одржувањето на повеќе од 1100 мостови на државните патишта на целата територија на државата. Следејќи ја состојбата на мостовите, повремено се создава потреба од одржување на горниот строј на мостовите, односно потреба од нивна промена заради пропаѓање на најлесно расипливите делови – дилатации, асфалт и другите негови елементи со цел зајакнување на нивната безбедност и сигурност на учесниците во сообраќајот, информира  Јавното претпријатие за државни патишта.

За време на изведувањето на работите, сообраќајот ќе се регулира со поставување светлосна сигнализација, при што возилата ќе се движат наизменично во една сообраќајна лента.