Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Депонијата „Краста“ во кумановско, сè уште чади, „Чистота и Зеленило“ бара помош во механизација

Депонијата „Краста“ во  Куманово сè уште не е целосно изгасната и чадењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Депонијата „Краста“ во  Куманово сè уште не е целосно изгасната и чадењето продолжува, откако вчера избувна пожар. Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ работат на нејзино санирање.

Во денешната изјава за медиумите, директорот на претпријатието Сашо Томиќ  потенцираше дека  станува збор за хроничен и долгогодишен проблем за чие надминување се потребни дополнителна механизација и помош од надлежните институции.

-Депонијата сè уште чади, работиме интензивно. Тоа е хроничен, познат проблем. Се обратив до сите релевантни институции во државата, до Владата, Општината и Центарот за управување со кризи и бараме помош во опрема- изјави Томиќ.

Реклама

Во моментов, според него, на терен се работи со една изнајмена машина од приватна компанија, која е постара, како и со една машина на претпријатието. На делови од депонијата се нанесува земја со цел да се спречи понатамошното ширење на чадот и огнот. Томиќ посочува дека вчерашниот ветер дополнително ја влошил состојбата, бидејќи разгорел делови од депонијата кои претходно биле санирани.

-Добар дел од депонијата што имаше проблем е саниран, меѓутоа и утрово, а и во моментот, сè уште дими. Станува збор за голем простор, каде што има чадење на различни места. Како што ги санираме едните места, на други се појавува проблем, поради излегувањето на метан- вели Томиќ.

Од претпријатието велат дека секојдневно се носи земја, вклучително и од приватни компании, но дека за посериозна и целосна санација се потребни дополнителни градежни машини.

-Потребни ни се градежни машини, булдожери и дополнителна механизација. Земја имаме и ја носиме од приватни компании, секојдневно нанесуваме слој земја. На одреден дел имаме и забелешка од државните инспектори за животна средина и се трудиме таа забелешка да ја исправиме и коригираме – посочува Томиќ.

Тој оценува дека проблемот со депонијата „Краста“ е голем и сеопфатен и ги надминува можностите со кои располага јавното претпријатие. Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ продолжуваат со нанесување земја и локализирање на жариштата, но чадењето од депонијата сè уште е присутно.