Реклама
Македонија

Објавен јавен повик за финансиска поддршка за проекти од јавен интерес во Општина Струга

Општина Струга денеска објави јавен повик за доделување финансиска поддршка за реализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струга денеска објави јавен повик за доделување финансиска поддршка за реализација на програми и проекти од јавен интерес на здруженија на граѓани и фондации.

Приоритетни области, според јавниот повик, се култура, животна средина, млади, образование, родова еднаквост и социјална заштита.

Вкупниот износ изнесува 1.200.000 денари, распределени во мини грантови до 30.000 денари по проект, предвидено за 10 грантови и девет грантови до 100.000 денари по проект.

Реклама

– Право на учество имаат здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани со седиште на територија на Општина Струга, се активни најмалку 12 месеци, немаат нерасчистени финансиски обврски кон Општината и се запишани во регистарот на организации на Општина Струга, стои во јавниот повик.

Секоја организација, како што е наведено, може да поднесе само една апликација и може да добие само едно финансирање во текот на годината.

Апликациите се поднесуваат во печатена форма во архивата на Општина Струга, во рок од 15 дена од објавување на јавниот повик.