Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Здравје

Нови измени во трансплантацијата – повеќе шанси за пациентите

Со само еден повик или посета на матичниот лекар, секој што сака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со само еден повик или посета на матичниот лекар, секој што сака ќе може да стане донор на органи. Се поедноставува постапката со која граѓаните ќе решваат што со по нивната смрт. Ова го предвидува новиот предлог-закон со кој се менува системот за трансплантација во земјава. Целта е да има помалку бирократија, повеќе почитување на волјата на луѓето.Од Министерството за здравство откриваат дека со измените се проширува и кругот на живи донори.

“Во однос на живи дарители се проширува до четврто колено досега беше до трето колено, а тоа се први братучеди. И се воведува за починати дарители она што со години здруженијата се залагаат со така наречена донорска картичка” – вели проф. Д-р Билјана Кузмановска – национална координаторка за трансплантација.

Со овие измени, се очекува да бидат спасени повеќе животи и поголема надеж за пациентите што чекаат трансплантација.

Реклама

Доктoрите велат дека ова е голем чекор напред. Очекуваат повеќе донори, побрзи постапки и најважно повеќе спасени животи.

Интересно е што за само три месеци, имало осум случаи кога можело починат член на смејството да донира орган на друг член, но најблиските одбиле Докторите велат – ова се најтешките моменти, кога се е подготвено за трансплантација, а на крај одлуката на семејството ја стопира постапката. Апелираат граѓаните навреме да разговараат со своите блиски и јасно да го кажат својот став за органодарителство.

Во земјава најголем број пациенти чекаат трансплантација на бубрег – околу 1.800 луѓе во моментов се на дијализа. За трансплантација на срце, пак, чекаат околу 30 пациенти, додека приближно 15 лица се на листата за пресадување на црн дроб.