Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Николоски и Бутковиќ разговораа за развој на коридорите и за решавање на проблемот на превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со хрватскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со хрватскиот вицепремиер и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ, кој е дел од делегацијата на хрватската влада, која од денеска е во посета на државава. 

– На билатералната средба во Охрид се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како  и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји – информира Министерството за транспорт.

Николоски се заблагодарил за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи, како и за измените на Законот за работните визи, кои веќе ги направи Република Хрватска, што е од огромно значење за нашите превозници.

Реклама

На средбата се разговарало за економската соработка и за можностите за засилена економска активност помеѓу двете држави.

Хрватската владина делегација ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, кој со премиерот Христијан Мицкоски ќе потпише договори за стратешка соработка помеѓу двете земји.