Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизирам заедно нив

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со транспортерите и дека веќе се договориле да се сретнат по состанокот што треба да се одржи во вторник во Брисел и заедно да ги разгледаат предлозите што ќе произлезат од него со цел да се понудат најдобрите решенија за транспортерите, кои се клучен двигател на македонската економија. Порачува дека е задоволен од тоа што ЕУ ја забрза постапката и го објави документот порано од планираното. Во вторник, како што вели, ќе се одржи состанок кој една година не беше закажуван, а првично бил договорен за 6 февруари, но вчера терминот бил поместен за во вторник.

-Се работи за документ од 19 страници, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, баш во овој дел којшто го издвоив на мојата објава, каде што возачите на камиони односно транспортерите се прифаќаат како професионалци, со останатите категории коишто се наведени тука, како спортисти уметнции итн, што е првпат да ЕУ на тој начин го реши проблемот. Во суштина тоа беше и еден од начините да се излезе од проблемот, затоа што транспортерите кога ги почнаа протестите бараа да се почне дијалог со којшто ќе се реши проблемот, се понудија три решенија и ова е едно од трите решенија, рече Николоски во гостување на една од националните телевизии.

Цели градови во Македонија, како што кажа, живеат од транспортот – Гевгелија, Радовиш, Богданци како помало место, но и Кавадарци. 

Реклама

-Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе кои што излегоа на протестите овие денови, кои што покажаа дека проблемот е навистина сериозен. Да честитам на одлучноста, на храброста, јас ја имав честа и да ги посетам и да ги поддржам. Излегов заедно со нив, и мислам дека покажаа дека навистина е голем проблемот и дека мора сериозно да му се пристапи, и тоа што беа единствени и истрајни никој не успеа да ги скрши, даде резултат, посочи Николоски.

Тој истакна дека самиот дал целосна поддршка, но дадоа и премиерот и Владата, со цел решавање на проблемот и додаде дека процесот се води во целосна координација со превозниците.

-Денеска имав средба со претседателката и потпретседателката на најголемото здружение на превозници, на Макамтранс, се договоривме во вторник, по завршувањето на состанокот со Брисел,  повторно да се сретнеме и  заеднички да ги разгледаме предлозите кои што ќе дојдат од таму, и мојот одговор ќе го работам заедно со нив, односно во координација со нив. Сакам да понудам најдобри можни решенија кои што ќе одговараат на нашите транспортери. Мора да даваме целосна поддршка на овој сектор, истакна Николоски.

Рече дека не мора да има решение за проблемот на транспортерите до 10 април кога целосно стартува ЕЕС системот во ЕУ, бидејќи има простор и по април.

-Сметам дека до летото треба да го најдеме решението и затоа е оптимално што протестите на транспортерите почнаа токму сега.  Со вчерашниот договор што се постигна со ЕУ оптимист сум дека брзо ќе биде најдено решение. Очекувам да има уште во вторник решение, но  потребно е тоа подоцна да биде изгласано во земјите-членки и во Европската комисија за што треба одреден временски период. Токму целта на протестот на транспортерите беше да започне дијалог, а не веднаш да се најде решение за седум дена колку што беше предвидено да трае, рече Николоски.

Нагласи дека во официјален документ на ЕУ превозниците веќе се класифицирани како професионалци и сега, додаде, треба само да се види дали овие 90 дена во 180 ќе станат 120, дали ќе има посебни визи и работни дозовли. Кога се случи портестот на транспортерите, нагласи, сите сфатија зашто станува збор. Ова, додаде, не е политички, туку бирократски проблем. Не случајно отидов во Хрвартска и разговаравме со грчкиот министер и со Бугарија. Постојано на средби го потенциравме овој проблем, а неколку пати беше и ставан на седница на Валада.

-Не знам што ќе се случуваше со транспортот и економијата ако не се средеше сега ова со транспортерите, бидејќи најмалку 9,5 години од сега се потребни за да влеземе во Шенген зоната и доколку се исполнат предвидувањата дека до 2030 година ќе станеме членка на ЕУ, потенцира Николоски.