Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Прилози

Научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“

Само со отворање работни места за лектори во јавните институции и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само со отворање работни места за лектори во јавните институции и со доделување стипендии за студентите може да се поттикне интересот кај младите за изучување на македонскиот јазик – предупредуваат универзитетските професори. Академската заедница алармира дека сè помалку млади се запишуваат на студиите по македонски јазик, главно поради недостигот на можности за вработување по дипломирањето.

Иако интересот во земјава опаѓа, македонскиот јазик буди внимание надвор од границите. Лингвистот проф. Маќеј Кавка од Универзитетот во Краков, Полска, вели дека неговите студенти со ентузијазам го учат и зборуваат македонскиот.

Македонистите велат дека македонскиот јазик е институционално заштитен, но неговата вистинска сила зависи од свеста и совеста на секој поединец.

Реклама

Институтот за македонски јазик кој е основан пред 72 години има за цел изучување, развивање, негување и унапредување на унапредува македонскиот јазик како клучен дел од културното и националното наследство на Македонија. Деновиве е домаќин на десеттаМеѓународна научна конференција која обедини над 80 македонисти од Балканот, Европа и Америка.

Давид Крстевски