Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Народната банка ги ревидираше проекциите – инфлација 4% и раст на БДП од 3,5%

Eкономски раст од 3,5% и инфлација od 4%. Народната банка ги ревидираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Eкономски раст од 3,5% и инфлација od 4%. Народната банка ги ревидираше надолу проекциите за годинава. Според гувернерот Трајко Славески, врз македонската економија демнат ризиците поради пролонгирање на воениот конфликт на Блискиот Исток. Народната банка очеклува растот да забрза на 3,8% догодина и на 4% во 2028-мата. Вели дека и покрај неповолното надворешно окружување и намалената побарувачка од странство, девизните резерви се стабилни на 5,250 милијарди евра, фискалната консолидација продолжува, а се очекува и силен ефект од капиталните и странските инвестиции.

Државната статистика, пак, втор месец по ред регистрира зголемена инфлација, овојпат од 5,7% во април споредено со истиот месец лани. И покрај тоа, месечниот пораст на цените е 1,3%. За премиерот Мицкоски инфлацијата е според очекувањата и согласно порастот на трошоците и во земјите од регионот. Вели споредбената основа е мала, бидејќи лани во април имаше велигденска кошничка, а притоа најмногу поскапел транспортот, а не храната.

Народната банка предупредува дека просторот за маневар за нови мерки е ограничен. Во вакви услови, вели Славески, можностите на Народната Банка се мали. Централната банка воведе неколку измени кај задолжителната резерва и некои други мерки, но засега не планира да ја намали референтната камата, за да ги повлече парите од оптек.

Реклама

Статистички, за еден месец, во Македонија најмногу поскапел транспортот за 10%. Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемиле за 0,7%. Притоа земјоделските производи поскапеле за 2,3 отсто, прехранбените за 0,8, а услугите за 5,9%. Народната банка смета дека на Македонија ќе и с еслучи умереното сценарио кое предвидува брзо завршување на конфиктот на Блискиот Исток. Според него, инфлацијата би требало бавно и постепено да се намалува на 3% догодина и 2% на среден рок.