Реклама

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Економија

Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика

Монетарната политика на Народната банка (НБ) е оценета како целосно усогласена со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Монетарната политика на Народната банка (НБ) е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел, информираат од НБ.

На дијалогот, посочуваат, учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

-И покрај неизвесното и променливо надворешно окружување, домашната економија останува релативно отпорна. Народната банка води претпазлива монетарна политика, фокусирана на натамошно намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, при истовремено одржување стабилен девизен курс – истакнал Величковски.

Реклама

Тој посочил дека монетарната политика има клучна улога во справувањето со инфлациските притисоци, особено во услови на продолжени глобални шокови на страната на понудата, при што Народната банка внимателно ги следи сите движења и е подготвена да реагира соодветно за зачувување на стабилноста.

Во обраќањето било нагласено дека девизните резерви се одржуваат на соодветно ниво, согласно меѓународните стандарди, што обезбедува силна заштита од потенцијални надворешни шокови. Воедно, банкарскиот систем останува стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со дополнително зајакнати макропрудентни мерки поради засилената кредитна активност.

Величковски се осврнал и на новата оперативна рамка на монетарната политика воведена во декември 2025 година, којашто има за цел да го подобри преносот на сигналите од основната каматна стапка и да ја зголеми ефикасноста на монетарната политика.

Во контекст на европската интеграција, било истакнато дека приклучувањето кон СЕПА претставува значаен чекор за финансиската интеграција и усогласувањето со европските стандарди, при што Народната банка продолжува со активностите за унапредување на платежната инфраструктура преку спроведување на регионалниот проект за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС.