Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Над 230 основци од Скопје учествуваа на креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација”

По повод Денот на креативноста и иновациите – 21 Април, Агенцијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Денот на креативноста и иновациите – 21 Април, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво – ИНОВА денеска организира креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, наменет за ученици од основните училишта во Скопје.

Целта на настанот беше да ги поттикне младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи (зелени) решенија за реални предизвици од нивната околина.

Учествуваа повеќе од 230 ученици од 22 основни училишта во Скопје заедно со 50 нивни ментори – наставници од училиштата. Поделени во 43 тима, тие преку практична работа, тимска соработка и претприемачки пристап имаа можност да развиваат идеи и да ги претворат во конкретни иновативни решенија.

Реклама

Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, изјави дека идејата е да ги поттикнат креативноста и инивативноста кај младите, претприемачкиот дух и да бидат мотивирани да размислуваат иновативно.

– Предизвикот денеска е да најдат некој еколошки проблем и да смислат конкретно решение, односно иновација како може да се надмине и реши. Нашата агенција формира стручни тимови, кои ќе ги оценуваат решенијата на учениците. Ќе бидат доделени награди во три категории: најиноватовно решение, најапликативно решение и најдобар тим – изјави директорката на ИНОВА.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека се работи за прекрасен настан за основците, со кој тие се стимулираат да создаваат решенија, што им го олеснуваат животот на луѓето, без да ѝ наштетат на природата.

– Ќе се потрудиме да објасниме и да ги вклучиме во општествените промени, на пример, одржување на животната средина, одржливост на општеството и други теми. Не сакаме талентирани поединци, туку сакаме цели генерации, кои ќе знаат критички да размислуваат, адекватно да се вклопат во општеството, да се навикнат на тоа што е иновација, подобро образование. Сакаме да ги стимулираме младите да создаваат решенија што им го олеснуваат животот на луѓето, без да ѝ наштетат на природата. Да се фокусираат на поголема грижа за здравјето, посилна заштита на животната средина, справување со климатските промени, но и унапредување на образованието и економијата. Тоа значи да помогнат во изнаоаѓање одговори на најголемите предизвици на 21 век – истакна министерката Јаневска.