Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Нацева : Неготино ќе биде подобар, попросперитетен и град во кој ќе се живее навистина убаво

Неготино ќе биде подобар, попросперитетен и град во кој ќе се живее…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неготино ќе биде подобар, попросперитетен и град во кој ќе се живее навистина убаво. Ова го напиша вечерва Марија Нацева на Фејсбук, откако беше избрана за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

– Мое Неготино, испишавме историја. Неготино ја доби првата жена градоначалник. Благодарам за безрезервната поддршка која ја добив изминативе неколку недели и денес.  Благодарам и на оние кои не ми ја дадоа поддршката, тие за мене претставуваат дополнителен мотив за да им докажам дека сите мои зборови кажани во предизборната кампања ќе бидат претворени во дела, истакна таа. 

Притоа додаде дека не ветува оти ќе биде лесно, туку ветува дека ќе биде исправно. 

Реклама

– Ни претстои многу работа, но кога работиме за нашиот дом и кога работиме заеднички ништо не е тешко. Ќе се борам со сета своја сила против поделбите што нè ослабуваат и Неготино ќе биде град за сите, подеднакви можности за секој, успешни млади, среќни лица и многу нови проекти од кои бенефициите ќе ги увидеме многу скоро, напиша Нацева.