Реклама

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка -4 степени

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени -4 степени Целзиусови.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени -4 степени Целзиусови. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е измерен во Mаврови Анови, 0 во Kрушево, 1 во Крива Паланка, 2 во Берово и Претор, 3 во Тетово и Охрид, 4 во Виница, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, 6 во Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, како и 8 во Гевгелија.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Битола – 14 литри на метар квадратен, 13 во Демир Капија, 11 во Гевгелија и Попова Шапка, 10 во Маврови Анови, Претор и Тополчани, 7 во Кавадарци, 6 во Пожаране, Виница, Прилеп и Kрушево, 4 во Тетово, 3 во Штип, 2 во Крива Паланка, Берово и 1 во Струмица и Велес.

Во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Реклама

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.