Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

МВР го расветли подметнувањето пожар во Синагогата во Скопје

Полицијата го расветли случајот со инцидентот со синагогата во Скопје. Уапсени се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата го расветли случајот со инцидентот со синагогата во Скопје. Уапсени се седуммина за палањето на еврејскиот објект. Двајца ќе се гонат за тероризам, и тие веќе се во притвор. Преземени биле повеќе оперативно –тактички мерки од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Агенцијата за национална безбедност, а претреси имало на 13 локации во Скопје, а биле одземени мобилни телефони за вештачење.

  • „Поднесена кривична пријава против А.Љ (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор“ изјави Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

По инцидентот на 12 април во раните утрински часови осуди и барање за брзо расветлување на случајот пристигнаа од сите страни. Тоа го побара и израелската амбасадорка во Скопје, Вивиен Аисен.

Верските лидери во Македонија оддржаа и заедничка прес-конференција и го оценија настанот како директен удар врз мирот, стабилноста и соживотот кои со векови се негуваат на македонска почва.