Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

„Музејот како живо место“ – Археолошкиот музеј со иновативен пристап кон пошироката јавност

Археолошкиот музеј на Македонија успешно го промовираше новиот пристап во презентација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Археолошкиот музеј на Македонија успешно го промовираше новиот пристап во презентација на културното наследство „Музејот како живо место“, насочен кон доближување на музејските содржини до пошироката јавност, особено до помладата публика.

Како што информираат од музејот, настанот е реализиран во соработка со „Reset Experience“ и „Art Room“ и бил осмислен како отворен и динамичен комуникациски формат, преку кој институцијата воспоставува нови канали за современа презентација на културните вредности. Во фокусот била соработката со јавни личности и инфлуенсери активни на социјалните медиуми, со цел културното наследство да се пренесе на автентичен и современ начин.

-Нашата цел е да го направиме музејот отворен, динамичен и релевантен простор, во кој културното наследство не само што се чува, туку активно се комуницира и споделува. Преку вакви настани сакаме да поттикнеме интерес, љубопитност и чувство на припадност кај младата публика-истакна директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Магдалена Манаскова.

Реклама

Во рамки на настанот, во креативна и интерактивна атмосфера, присутните имале можност да се запознаат со дел од најзначајните артефакти од музејската поставка – од праисториски предмети до антички ремек-дела – и да ги доживеат надвор од класичниот музејски контекст. Преку уметнички интервенции и интерактивни содржини, гостите активно учествувале во создавање нови интерпретации на културното наследство.

Од Археолошкиот музеј наведуваат дека настанот е дел од пошироката стратегија за зголемување на институционалната видливост и за привлекување нова публика, со акцент на иновативни пристапи, дигитална комуникација и градење мостови со генерации кои традиционално поретко ги посетуваат музејските простори.