Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД, највисоката тарифа ќе биде 15 отсто, а за некои клучни производи и индустрии и помалку

Многу сме блиску до склучување договор. Заедничката изјава е потврда за тоа.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу сме блиску до склучување договор. Заедничката изјава е потврда за тоа. И со тие неколку држави со кои САД веќе склучија договор, така одеше процесот – прво имаше заедничка изјава, па потоа доаѓаше до склучување договор кој и од меѓународно-правна гледна точка значи дополнителни внатрешни процедури. Засега можам да кажам дека највисоката тарифа ќе ни биде 15 отсто што е пониско од огромен број држави не само во светот, туку и во регионот, а за неколку клучни производи и индустрии ќе има тарифи под 15 проценти, соопшти денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Како што изјави Муцунски пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис-форум, Македонија веќе има производи кои се извезуваат во САД со тарифи пониски од 15 отсто, што  значи дека се движи во добра насока.

Процесот на преговори, напомена, е сложен и предизвикувачки, но и од доверлив карактер, поради што во овој момент не може да бидат соопштени повеќе детали. 

Реклама

-Доверливоста мораме да ја заштитиме. Јавно ќе биде објавен документ кој веројатно ќе треба да помине собраниска процедура и сите ќе видиме што конкретно ќе значи тоа за нас. Но, фактот дека веќе имаме производи што се извезуваат во САД со тарифи пониски од 15 отсто, значи дека се движиме во добра насока. Јас го сметам тоа за колективен успех на Владата, но факт е дека САД во моментов преговараат со целиот свет во однос на ова прашање. Фактот што одлучија да ни дадат нам приоритет, на една помала држава не толку значајна за американскиот пазар од економска гледна точка, треба да бидеме реални – е директен одговор на прашањето што значат оваа посебна релација и ова стратешко партнерство со Вашингтон. Јас се надевам на добар исход. Заедничката изјава е пат кон тоа и верувам дека ќе донесе конкретни бенефити за претставниците на деловната заедница, а на крај и за нашата економија и за сите граѓани, потенцира Муцунски, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој смета дека има потенцијал за извоз на наши производи во САД кои досега не биле пласирани таму, како и дека македонските компании присутни на американскиот пазар се соочуваат со предизвици, но извозот е, сепак, стабилен.

-САД како и ние, сакаат да го стимулираат својот извоз и ние сакаме да го стимулираме нашиот извоз. Од таа гледна точка преземаат мерки што ќе ги засилат на глобално ниво позициите на американскиот пазар на другите меѓунардони пазари. Тоа што гледам и по трендовите во поледниот период – фактот што успеавме да дојдеме до вакво решение не наштети на голем дел од нашите компании кои извезуваат во САД, а ние комуницираме со голем дел од нив. Точно е дека имаат предизвици, но се уште стабилно успеваме да го одржиме нивниот извоз кон САД. Дали сметам дека има потенцијал за извоз на наши производи во САД кои досега не се извезувале, да, дефинитивно сметам дека е тоа возможно и зависи од нашата политика на промоција на извозот, рече Муцунски.

Министерот потсети и дека голем број држави во регионот се уште имаат далеку повисоки тарифи од 15 проценти во однос на САД.

Муцунски укажа дека преговорите со САД ги водеше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, но огромна помош во процесот даде и премиерот Христијан Мицкоски преку неговите контакти во Вашингтон. Многу придонеле и министертсвата за финансии, за дигитална трансформација, за земјоделство, за одбрана, Царинската управа, ФЗО, како и многу други институции.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: