Реклама

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Македонија

Митева: За прославата на 35 години независност реализирани се 18 настани во 13 градови, вкупно потрошени 340,5 милиони денари

Со 18 настани одржани во 13 градови низ државата, бесплатно достапни за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 18 настани одржани во 13 градови низ државата, бесплатно достапни за сите граѓани, комплетно е реализирана програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија, информираше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.  

Презентирајќи го деталниот извештај од над 80 страници подготвен од компанијата „Стардаст“ задолжена за реализација на проектот, Митева на заедничка прес-конференција со генералниот директор на Државна лотарија Александар Климовски посочи дека целта била да се креира сеопфатна национална програма со високи уметнички и продукциски стандарди, во која централно место зазедоа македонските уметници, комбинирани со настапи на светски познати имиња.

Вкупната вредност за сите реализирани активности изнесува 340 509 749 денари, кои во извештајот се распределени во пет основни категории и тоа: хонорари за артисти и изведувачи – 129,3 милиони денари (вкупно 67 уметници), продукциски трошоци – 96.2 милини денари, логистички трошоци – 58,5 милони денари, маркетинг – 2,8 милиони денари и хонорари за соработници – 53,5 милиони денари (21 компанија за логистрика на терен). Од оваа сума Државна Лотарија покрила 300 милиони денари, а останатите се кофинансирање од самата агенција. 

Реклама

-Достоинственото одбележување на националните јубилеи подразбира истовремено почитување на историјата, афирмирање на националната култура, отворање простор за современ уметнички израз и одговорност во користењето на јавните средства – истакна владината портпаролка Митева.  

Како Влада, нагласи Митева, сметаме дека јавноста заслужува да има целосен увид во тоа што беше реализирано, кој беше концептот врз којшто се темелеше програмата, каква беше нејзината национална, но и културна вредност и секако како се распределени финансиските средства. 

-Во таа насока беше и поставена и целокупната програмска концепција. 18 настани низ 13 градови во Македонија. Во деталниот извештај има и распоред на реализирани настани, секој од нив е поединечно обработен во извештајот со објаснување на концептот, содржината, ангажирани капацитети и неговото место во целокупната програма – порача Митева.

Особено важно, нагласи Митева, е што концептот не се потпираше исклучиво на големи меѓународни имиња, туку напротив, една од неговите основни определби беше македонските уметници да имаат централно место во одбележувањето на независноста.  

Носител на програмата беше националниот музичко-сценски караван „Силно светнал ден“, кој помина низ 11 градови и тоа Охрид, Битола, Велес, Крушево, Куманово, Штип, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Пробиштип и Скопје, во која македонските уметници беа во центарот ангажирајќи 41 македонски вокален изведувач, 20 танчери и актери, како и оркестар од 15 музичари. Проектот е реализиран во копродукција со „ОХО продукција“.  

​Во рамки на одбележувањето, на 1 септември се одржа и концертот „Хозе Карерас и Македонија Ол Старс“, каде што светски познатиот тенор настапи заедно со 10 македонски изведувачи и Македонската филхармонија под диригентство на Давид Хименес.  

​Програмата опфати и низа други концерти, а главната прослава беше централниот концертен спектакл на Дејвид Гета со проектот „Монолит шоу“, одржан на 8 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, кој според извештајот, го следеле околу 50.000 посетители. За заштита на спортската инфраструктура и тревната површина на стадионот, Митева нагласи, дека бил користен специјализиран систем од тешкотоварни заштитни панели.  

​Во рамки на програмскиот концепт „Најдоброто од Македонија“ беа организирани три концерти во Струмица, Скопје и Тетово со настапи на бројни македонски изведувачи Синтезис, Меморија, Суперхикс, Слаткаристика, 2Бона, Фанк Шуи, Дина Јашари, Каролина Гочева и Елита 5…  додека во меѓународниот сегмент беа реализарани настапи на Пол Ван Дајк и Стив Аоки во Охрид и централниот концертен спектакал на Дејвид Гета во Скопје.

Вредноста на програмата, нагласи Митева, се гледа преку сеопфатниот опсег на 18 настани во 13 градови, а за резултатите и општественото значење на програмата, неопходно е да се погледне во целината, а не само можеби поединечните концерти. 

-Вредноста на програмата се согледува преку повеќе аспекти: преку националниот опфат од 18 настани во 13 градови, со што се обезбеди широко територијално присуство на програмата; потоа преку непосредно вклучување на голем број на македонски уметници, музичари, танчери, актери, технички професионалци, но и продукциски соработници; преку реализација на настани со високи продукциски и безбедносни барања; преку бесплатниот пристап на граѓаните, со што програмата доби изразен јавен карактер и овозможи широко учество во одбележувањето; преку поврзување на македонското творештво со меѓународно признати уметници и продукции; и конечно, преку создавање на културна и аудио-визуелна содржина која останува како трајно сведоштво за одбележувањето на 35 години независност – изјави Митева. 

Извештајот за реализација на програмата за одбележување на 35 години независност на Македонија е на повеќе од 80 страници, во кои, како што беше посочено, детално се образложени програмска концепција, организација, продукциски стандарди, ангажирани уметници и соработници, технички и логистички аспекти, како и финансиска структура на реализирани активности.  

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

​

​