Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Македонија

Министерството за енергетика и МЕМО го унапредуваат домашниот пазар на електрична енергија

Од денеска, на организираниот пазар на електрична енергија во земјата се овозможува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска, на организираниот пазар на електрична енергија во земјата се овозможува доставување понуди и налози со негативни цени. Оваа промена е дел од реформските активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), реализирани во соработка со Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, информираат од МЕРМС.

Со измените, како што велат, ценовните прагови на пазарот ден однапред (MATS) се прошируваат од досегашните 0,10–1.000 евра на -600 до 4.000 евра за мегават-час. Кај пазарот во тековниот ден (M7), новиот опсег е од -9.999,99 до 9.999,99 евра за мегават-час.

-Негативните цени овозможуваат пазарните механизми пореално да ги одразуваат односите меѓу понудата и побарувачката. Тие може да се појават во периоди на зголемено производство и намалена потрошувачка, особено при високо производство од обновливи извори на енергија. Овој механизам обезбедува поголема флексибилност за учесниците на пазарот и поттикнува подобро планирање на производството, инвестиции во батериски системи за складирање и поефикасно управување со енергетските текови – посочуваат од МЕРМС.

Реклама

Можноста за тргување со негативни цени, додаваат, не значи дека тие автоматски ќе се формираат на пазарот, бидејќи цените и понатаму ќе зависат од понудата и побарувачката. Оваа промена не значи ниту автоматско намалување или негативни сметки за домаќинствата.

-Со оваа реформа се унапредува конкурентноста и флексибилноста на домашниот пазар и се создаваат подобри услови за интеграција на обновливите извори и поврзување со европскиот енергетски пазар – потенцираат од МЕРМС.