Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Министерство за транспорт: Дијалогот со ЕУ продолжува, не паѓајте на шпекулации

Се работи на трајно решение за проблемите на превозниците во координација со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се работи на трајно решение за проблемите на превозниците во координација со Европската Комисија. Министерството затранспорт ги демантира информациите во регионалните медиуми дека Брисел ги одбил барањата на камионџиите да се прифатат како професионалци и да им се овозможи подолг престој од 90 во 180 дена или повеќе од 180 дена годишно. Оттаму велат дека не само од транспорт, туку и сите ресорни министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со претставници од Европската комисија. Разговорите дополнително ќе зачестат во следниот период, како би им сепомогнало на транспортерите.

„Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија кадешто се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи. Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем“ – велат од Министерство за транспорт.

Од транспорт потенцираат дека дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можностисеразгледуваатодстрананатехничкаработнагрупасоставенаодситересорниминистерства и претставницинакомисијата. Апелираат превозниците и јавноста данепотпаѓаатнашпекулации и секаковвиднепроверениинформациикоиможеданаштетатнадијалогот, а особеноненашпекулацииодсоседнитедржави.

Реклама

Од Асоцијацијата на превозници Макамтранс велат дека нова средба на работната група за подолг престој на возачи во Шенген зона е закажана за две недели по детални консултации кои треба да се направат во државите кои ги претставуваат транспортерите во рамки на Шенген зоната. Од макамтранс велат дека интензивно ќе лобираат за надминување на проблемите со кои се соочуваат возачите во преодниот период до примената на електронскиот систем за влез и излез. Досега испратиле допис до МНР да организира средба со сите амбасадори на држави членки на Шенген зоната, ЕУ амбасадорот Михалис Рокас, како и претседателот на Комората за странски инвестиции. Исто така, од Асоцијацијата чекаат и на информации од амбасадите на земјите членки на Шенген зоната за поднесување барање за добивање на посебна виза за професионалните возачи за подолг престој во нивната држава, со можност тие да важат и за сите држави од Шенген зоната.

И покрај напорите, казните и депортациите на македонските транспортери кои го надминуваат дозволениот период на престој во Шенген не престануваат. Последниот таков случај беше пред 5 дена на пристаништето во Росток, по што македонски превозник бше вратен од Германија.