Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари во согласност со законското усогласување

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето-износ во согласност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето-износ во согласност со законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето-износ. 

Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата во согласност со законски утврдените критериуми во Законот за минималната плата.

– Ова е системско и законско решение, кое предвидува зголемување на минималната плата во согласност со економските движења штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава – рече Дурмиши на прес-конференција.